Покрај домашната традиционална кујна, секако не ја изоставаме и храната создадена во модерното време. Вегетаријанските и веганските специјалитети, хроно оброци, протеинската исхрана и разновидните десерти се дополнително застапени во нашето богато мени!

Во ерата на брзо живеење кога секој е оптоварен со секојдневните обврски и е во трка со времето, дозволете да бидеме дел од вашето секојдневие преку нашата богата трпеза, обезбедувајќи вкусни оброци за вас и вашето семејство!

Секој оброк може да си го составите сами, од главно јадење (по избор) + прилог (ориз или пире по избор) + сезонска салата.

Покрај приготвените дневни јадења, спремаме и јадења по ваш избор со претходна нарачка. Вршиме и бесплатна достава во поголемите општини за нарачки во вредност од над 600 денари.

Готвиме оброци по порција и на кило. Спремаме и нарачки за вашите семејни веселби и прослави!

Инспирирани од брзиот живот, секојдневните обврски, немањето слободно време за готвење вкусен и здрав оброк и недоволниот здрав и добар начин на исхрана кој и те како му е потребен на човекот, дојдовме до оваа извонредна идеја на вкусен начин да им помогнеме на луѓето кои сакаат да се хранат здраво и вкусно и притоа да заштедат на својот џеб!

Постоиме за вас и ви стоиме на располагање со цел да ги задоволиме вашите желби и апетити по пристапни цени!

Храна приготвена во строго хигиенски услови, внимателно одбрани намирници и искомбинирани состојки, приготвени со многу внимание и љубов, по рецептот на нашите мајки и баби.

Услужени Клиенти
0 k
Години Искуство
0 +
Задоволни Клиенти
0 %
Рецепти
0 +

Главно Мени

Откријте ја нашата разновидна понуда на вкусни јадења, приготвени со свежи состојки и многу љубов.